Задоволителни резултати и висок процент на ефектот на пречистување во пречистителната станица за отпадни води Волково, а вредностите на параметрите на излез се движат во границите на максимално дозволените концентрации според Правилник, покажуваат направените резултати во месец септември 2021 година. Пречистителната станица за отпадни води Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково.

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација" информираат дека во периодот од 1 до 30 септември се изработени анализи на 18 примероци од две мерни места.

– ПСОВ Волково е предвидена за 19 500 Е.Ж. За пречистување на отпадните води се употребува современа СБР технологија. Во текот на месец септември, 2021 се пречистени вкупно 61.428м³ отпадна вода. Од механичкиот предтретман се отстранети приближно 4,5 тони отпад со категоризација на отпад 19 08 01 (отпад од сита, крпи, марамици…) и 19 08 02 ( отпад од песколовец – песок). Во Пречистителната станица за отпадни води – Волково се прават анализи на параметри кои се предвидени во дозволата за испуштање на отпадна вода во реката Лепенец, соопштуваат од скопски „Водовод".



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2021 14:50