Во „Тема на денот“ во Сител телевизија, денеска гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во однос на најавената инфлација и енергетска криза, истакна дека власта не ја кажува вистината за инфлацијата и енергетската криза која следува, додека народот го чувствува тоа по џебот, а власта нема никаков план.

-Владата прави политичка естрада за потребите на локалните избори и не ја кажува вистината, но вистината ја кажуваат министерството за финансии, НБРМ, а што е најважно и ММФ предвидува дека оваа година во Македонија ќе има два пати поголема инфлација од таа којашто беше претходно планирана, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ако граѓаните појдат во продавница и видат какви се цените и тоа споредбено со лани колку чинеле истите артикли како брашното, лебот, млеко, но и бензините кои се како последица на зголемената акциза заради тоа што владата имаше проблем со ликвидноста на Буџетот, па се од ова е поскапено за разлика од претходната година.

-Тоа е увезена и домашна инфлација, збир од две состојби кои во моментов создаваат сериозен проблем и сериозни поместувања на економијата,а тоа ќе продолжи Владата нема да го признае, затоа што тоа е политичка естрада за потребите на локалните избори, а реалноста е сосема поинаква и дополнително на сево ова настапува и енергетската криза не само во Македонија, секаде во Европа.

Мицкоски критикуваше дека Македонија е единствена држава чија Влада во моментов нема никаков план за енергетската криза и инфлацијата, а граѓаните тоа го чувствуваат на сопствениот џеб.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2021 19:34