Дали Каевски мора да ги одработува станот и 4 милиони денари, со ширење на лаги и клевети за ВМРО-ДПМНЕ и Данела?!

Каевски треба да каже, а и ДКСК да отвори случај како Каевски со само 30-тина години се стекнал со стан во Скопје кој тврди дека чини 60.000 евра и 4 милиони денари депозит во банка. Тоа се вкупно над 125.000 евра за еден млад триесетгодишник.

Што работа работел Каевски па на 30 години успеал да спечали 125.000 евра?

Каевски само 5 години е функционер со плата од 1.000 евра, ако се претпостави дека целата ја одвојувал на страна без да јаде или троши денар од неа доаѓаме до сума од 60.000 евра, но од каде му се другите 65.000 евра?

Каевски да го каже рецептот како со 30 години се стекнува толкав имот, а ДКСК веднаш да отвори случај.

Во случајот со Каевски смрди на стекнување без основ



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2021 23:07