Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Патот кон“ во Алсат М телевизија, вечерва истакна дека солзите на мајките од било кој етникум исто болат, кога ги испраќаат своите деца надвор од Македонија, бидејќи велат дека тука немаат иднина, и сите имаат иста мака и болка од политиките од оваа власт.

-Солзите и на албанката, и на македонката, и на турчинката како мајки, и на влаинката, и на србинката подеднакво болат, кога се зборуваат со своето дете кое го полни куферот и вели дека нема намера да се враќа тука, затоа што тука нема иднина, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека во ова сите подеднакво сме исти без разлика на етникум или религија, затоа што сите имаат иста болка од политиките на власта кои не носат никаква иднина, затоа што луѓето во Македонија имаат егзистенцијални проблеми и истакна дека таквите поделби кои ги создаваат политичарите говорејќи за такви прашања треба да престанат, а тој се бори истите да ги нема.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2021 22:48