Поради дефект на приклучна цевка на улица „6“ во село Бардовци, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од селото.

Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот до санирање на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2021 12:50