По двонеделна пауза поради мундијалските квалификации попладнево со дуелот меѓу градските ривали Работнички и Скопје ќе биде отворено 10. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Спроти дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток од 14 часот, Работнички е четвртопласиран на табелата со 15 бодови, шест повеќе од Скопје на деветтото место.

Прволигашкото коло ќе биде комплетирано утре со преостанатите пет пресметки меѓу Академија Пандев – Шкендија, Брегалница – Македонија ЃП, Ренова – Пелистер, Струга – Борец и Тиквеш – Шкупи.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2021 13:04