Организаторите на велосипедската трка Тур де Франс го претставија планот за следното 109. издание на трката низ Франција, чија почетна етапа ќе биде од Копенхаген.

Следното издание на трката ќе се вози од 1 до 24 јули 2022 година во вкупна должина од 3.328 километри (21 етапа), а покрај Данска и Франција, етапи ќе се возат и во Белгија и Швајцарија.

Предвидени се по шест рамничарски и планински етапи, како и две етапи на хронометар.

Целта на трката традиционално е на Елисејските полиња во Париз.

Титулата на двете последни изданија на Тур де Франс ја освои Словенецот Тадеј Погачар.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2021 15:39