Инфлацијата ги голта парите на граѓаните, платите тапкаат во место, нема раст.

Само во последната година цените на основните производи во малопродажба пораснаа и до 20%.

Според сите прогнози и тврдењето на стопанствениците може да се очекува раст на цените во малопродажба и до 50% во наредниот период.

На ценовниот шок кој ни следи ни претстои и енергетска криза која е на прагот и сето тоа заради неспособноста на власта, наместо да го развиваат РЕК, тие го молзеа преку тендери. Наместо да инвестираат во енергетиката, тие крадеа.

За лошата ситуација во економијата е виновна власта.

Парите од буџетот не завршија кај граѓаните и фирмите. Никој не знае на што се трошеа 5 буџети.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2021 11:38