Во врска со пишувањата на одредени медиуми кои важат за блиски до власта за наводно приведување на 4 лица за поткуп на гласачи во скопско и тврдењето дека поткупувале за ВМРО-ДПМНЕ, целосно ги демантираме и истото преставува брутална лага директно инструирана од власта.

Тоа е димна завеса за вистинскиот поткуп кој го прават СДСМ и Заев. Очигледно нервозата и стравот кај СДСМ и Заев од претстојниот пораз расте па мораат со лаги да покриваат очигледен криминал во кој самите се фатени.

Ја повикуваме јавноста да наседнува на лажните вести од СДСМ, кои само покажуваат дека Заев и неговата партија се во очај и паника. Срамно е СДСМ и Заев кои што вршат брутален поткуп, да обвинуваат други за поткуп.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2021 15:37