Претседателот на Франција, Емануел Макрон им оддаде почит на жртвите од масакрот врз Алжирците на 17 октомври 1961 година во Париз, јави дописникот на МИА.

Макрон во писмена изјава го осуди „непростливото злосторство за Република”, на крајот на официјалната церемонија за 60 -годишнината од демонстрациите што доведоа до смрт на 120 до 200 Алжирци на 17 октомври 1961 година.

– Злосторствата извршени таа ноќ под надлежност на Морис Папон се неоправдани за Република, истакна Макрон



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2021 02:28