Денеска во 04:25 во СВР Велес било пријавено дека лица со возило растуриле летоци на две локации во Неготино.

Полициски службеници излегле на местото и на посочените локации пронашле различни летоци, по што било пронајдено патничкото моторно возило со велешки регистарски ознаки во кое имало три лица Б.П. (18), С.Ф. (18) и Д.И. (18) сите од Неготино.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2021 02:37