Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти Автомото сојузот

Сообраќајот на регионалниот пат 1202 Дебар-Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти Хотел „Дебарски Бањи“, како што се посочува, за патнички моторни возила се одвива наизменично по една коловозна лента.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2021 10:13