Општинската изборна комисија во Битола информира дека утрово во 7 часот почна изборниот процес во кој според Единствениот избирачки список може да учествуваат 80.882 граѓани со право на глас.

Изборниот процес се реализира на 170 избирачки места во Општина Битола, потврди Игор Талевски, претседател на ОИК-Битола.

На Локалните избори во Битола евидентирани се шестмина кандидати за градоначалник и 14 листи со кандидати за членови на Советот на Општина Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2021 10:31