Без напојување со електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Студеничани, Сарај, Аеродром и село Долно Лисиче, соопшти РЦУК-Скопје по известување од ЕВН Македонија АД.

Во периодот од 8 до 11 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во селото Морани во општината Студеничани, а од 9 до 11 часот корисниците од селото Шишево во општината Сарај.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во селото Долно Количани во општината Студеничани, од 11 до 13 часот дел од корисниците од улица „20“ и улица „22“ во селото Долно Лисиче, како и корисниците лоцирани во близина на гробиштата во селото Долно Лисиче во општината Аеродром.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2021 12:09