Во дербито на осмото коло во германското фудбалско првенство екипата на Баерн Минхен забележа гостинска победа над Баер Леверкузен од 5-1 и се врати на чело на табелата во Бундеслигата.

„Баварците“ сите пет голови ги постигнаа во воведните 37 минути со што го израмнија рекордот на Борусија Дортмунд и Карлсруе според најмногу постигнати голови во прво полувреме во историјата на Бундеслигата.

Во сезоната 1963/64, Борусија Дортмунд против Шалке постигна пет голови, за 23 минути, а истата сезона Карлсруе против Ајнтрахт Франкфурт постигна идентичен број голови за 30 минути.

Стрелци за Баерн вечерва беа Роберт Левандовски (3, 30), Томас Милер (34) и Серж Гнабри (35, 37).



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2021 19:43