Европската фудбалска асоцијација сака да ја казни Англија за однесувањето на навивачите на денот на последниот натпревар од Евро 2020 со Италија (2:3 на пенали), објави „Скај Спортс“.

Пред почетокот на натпреварот, околу сто навивачи без билети се обидоа да влезат на стадионот.

Исто така, за време на натпреварот, навивачите истрчаа на теренот, фрлија предмети и запалија огномет.

УЕФА за евентуалната казна на ФА (англиската федерација) ќе одлучи денес. Многу е веројатно, Англија да мора да одигра барем еден натпревар на домашен терен со празни трибини.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2021 16:00