Само неколку секунди откако беше запален олимпискиот оган во античка Олимпија за ЗОИ „Пекинг 2022“, целосната тишина беше прекината од извици и слогани на демонстранти, по што интервенираше обезбедувањето, а церемонијата продолжи непречено, јави дописничката на МИА од Атина.

Според објавите на социјалните мрежи станува збор за активисти од движењето „Free Tibet“ кои повикуваат на бојкот на ЗОИ, но и бараат ослободување на уапсените активистки вчера во Атина.

Три странски државјанки, како што соопшти грчката полиција, вчера беа уапсени откако се обиделе да постават пано и знамиња на Акропол



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2021 16:08