Јапонските истражувачи спроведоа студија околу тоа зошто секогаш кога се враќаме од патување патот ни изгледа пократок отколку кога сме оделе.
Во студијата во која учествуваа 20 мажи меѓу 20 и 30 години, испитаниците добија задача да одгледаат два филма, со пауза од 10 минути меѓу филмовите. И двата филма биле со иста должина на траење.
Половина од испитаниците гледале две снимки на кои е прикажано патување од една дестинација до друга, додека другата група гледала два филма на која бил прикажан обратниот правец.
За да измерат како мажите го перцепираат изминатото време, речено им е да се јават кога ќе помислат дека минале три минути од филмот. Тие добиле задача да на скала од 11 ја означат должината на траење на филмот, каде -5 поени на едната страна значело дека првиот филм бил многу подол од другиот , а на +5 на другиот спротивно – дека првиот филм бил значително пократок.
Мажите немале впечаток дека вториот филм траел пократко, што прилично ги изненадил научниците. Ситуацијата сепак се променила кога учеесниците во експериментот биле замолени да ги споредат двата филма.
Имено нашиот мозок текот на времето го мери на два начина – еден е математички, а вториот е заснован на употреба на јазикот, каде создаваме „приказни“ во врска со времето на настанот кој сме го доживеале.
Ефектот на повратен пат, не влијае на самиот наш механизам за сметање на изминатото време, туку постдиктивно на нашето чувство за време.
Кога патуваме негде најчесто брзаме да стигнеме на време или само сме нестрпеливи, па сметаме на секоја секунда, поради тоа имаме чувство дека патувањето трае подолго.
Поради тоа што сме ја процениле должината на патот, на враќање обично затоа пријатно се изненадуваме кога ќе сватиме дека не траело оноколку колку што сме мислеле. На враќање обично не размислуваме за изминатото време и патот ни е познат, што дополнително допринесува за влијанието дека патувањето трае пократко.