Пред околу 35 години телото на нацистичкиот злосторник Јозеф Менгеле, е есхумирано откако во Бразил во 1979 година е погребан под лажно име.

Дури во 1985 година е утврден неговиот идентитет, а се’ до смртта, кога се удавил додека пливал, живеел удобен живот.

Благодарение на мрежата од свои луѓе во 1949 година Менгеле бега во Аргентина, каде што живееле некои време, а потоа оди во Парагвај и во Бразил. Иако бил баран од повеќе држави, вклучувајќи ја и Германија, никогаш не е фатен, никогаш не одговарал а своите дела и никогаш не се покајал. За време на холокаустот во смрт пратил 400.000 луѓе,

Зошто докторот Јозеф Менгеле, за време на холокаустот одлучил своето лекарско знаење да го злоупотреби, наместо да помага на луѓето?

Тоа прашање човештвото си го поставува со децении, а првпат се поставува на „Quorai“, најдобар портал а какво било прашање. На ова рашање одговорил Киел Мајевски, директор на музејот на Холокаустот „Кендлс“. Мајевски долго ја анализирал одлуката на Менгеле да прејде на мрачната страна, и нуди три причини поради кои Менгеле ќе остане засекогаш запаметен како „доктор на смртта“.

Првата причина е тоа што Менгеле бил натпросечно амбициозен, тврди Мајевски. Буквално, копнеел за признанија и повеќе од се’ го посакувал статусот на врвен научник. Во сведоштвата од Аушвиц се говорело дека возови полни со Евреи секојдневно пристигнувале во тој логор, а Менгеле тоа никогаш не го гледал како злосторство, туку како пригода.

Заворениците за него биле бескрајна залиха на „свежа роба“, на која можел да експериментира. Неговата амбиција била значително поголема од посветеноста на лекарските етички кодекси и бил уверен дека тоа го прави за доброто на човештвото и науката.

Ева Кор, една од преживеаните жртви на неговите експерименти, кажала дека Менгеле своите дела ги гледал како корисни и неопходни, а не противзаконски и пред се’ гнасни. Дури и подоцна, кога избегал во Јужна Америка, записите од неговиот дневник укажуваат дека искрено верувал дека ја прави вистинската работа.

Втората причина поради која Менгеле верувал дека придонесува кон науката со своите злосторства бил фактот дека бил дел од еугентистичкото движење. Еугентисти биле научници во 19.и 20. Век кои верувале дека човечкиот вид може да стане подобар ако строго се контролира неговото ширњте е. Како што се очекувало, токму еугентистите сметале дека тие се тој супериорен вид, подобар од кој било друг.

Некои од работите кои веднаш би морале да се елиминираат биле, на пример, алкохолизмот и кој бил вид на ментална болест. Американските еугенисти се залагале за многу строги правила и со сила стерилизирале десетици илјади луѓе кои не се „вклопувале“ во нивната слика на совршена човечка раса.

Нацистите во Европа ја применувале истата логика, па така како понизок вид ги прогласиле Евреите, Словените, Ромите, хомосексуалците и лица со ментални и физички проблеми.

Мајевски, како трета причина ја наведува општата атмосфера во Германија во тоа време. Во времето кога Менгеле ја почнал својата академска кариера нацистите веќе длабоко загазиле во елиминирањето на Евреите од сите сфери на животот. Кога се пријавил во СС војската, Менгеле морал да предаде доказ дека во неговата фамилја нема Евреи и дека воопшто нема еврејска крв.

Непобитен факт е дека Менгеле бил добро и квалитетно образован. Неговите колеги од факултетот во Минхен сведочеле дека тој никогаш не оставил впечаток дека е во состојба да го направи тоа по што останал запаметен, како „Бог на Аушвиц“.

Хоророт на Менгеле

Во Аушвиц правел разни неетички експерименти. Тој е во некои области заслужен за напредокот на медицината денес, но не сите експерименти на Менгеле биле од научна вредност, вклучувајќи ги и обидите да ја промени бојата на очите со што вбризгувал со инекција хемикалии во очите на децата, ампутации на екстремитетите, тој вршел и операции (експерименти) врз мозокот на луѓето без анестезија и многу други брутални операции.

Во Аушвиц, Менгеле извршил бројни студии поврзани со близнаци. Откако ќе завршел експериментот, тие близнаци биле убивани, а нивните тела секцирани. Менгеле водел операција во која две идентични близнаци биле сошиени еден со друг, со цел да создаде „сијамски близнаци”.

Алекс Декел, екс-затвореник во Аушвиц сведочи за лудилото на Јозеф Менгеле: „Никогаш не можев да го прифатам фактот дека Менгеле всушност веруваше дека прави сериозна работа. Тој само демонстрираше моќ. Менгеле водеше касапница. Речиси сите операции ги приредуваше без анестезија. Еднаш бев сведок на операција на стомак. Менгеле вадеше парчиња од стомакот, без никаква анестезија. Другпат извади срце, исто така без анестетик. Беше навистина ужасно.”

Јозеф Менгеле бил нацистички научник кој што бил вовлечен во познатата нацистичка генетска програма која што имала за задача создавање на повисоката раса на Аријци. Задачата на Менгеле, била да изнајде начини да ги зголеми шансите мајките да раѓаат близнаци.

Една ноќ, Менгеле го оправдал својот прекар со тоа што собрал 14 пара близнаци и ги заспал во неговата операциона сала. Потоа инјектирал хлороформ право во нивните срца убивајќи ги во истиот момент, за да продолжи да ги сецира, пишувајќи белешки за секое делче од нивното тело, бидејќи Менгеле бил педантен и грижлив во својата монструозност.

Во еден друг таков бизарен експеримент, тој зел ромчиња близнаци и ги сошил едно со друго за да создаде од нив сијамски близнаци, хируршки отстранувајќи делови од вените на нивните раце во процесот на што близнаците се здобиле со гангрена. Едниот близнак успеал да преживее и раскажал како неговиот брат го изгубил својот живот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2021 05:36