Холивудскиот актер Алек Болдвин пукал од реплика пиштол на филмски сет во Ново Мексико, при што ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соуза, соопштија локалните власти.
Смртоносниот инцидент се случил за време на снимањето на независниот игран филм „Rust“, соопшти канцеларијата на шерифот на областа Санта Фе.
Од канцеларијата на шерифот потврдуваат дека за време на снимањето на филмот биле застрелани две лица. Халина Хачинс (42), директор за фотографија и Џоел Соуза (48), режисер, беа застрелани кога Алек Болдвин (68), продуцент и актер, испукал од огнено оружје“, се вели во соопштението на полицијата.