Амбасадата на Република Македонија во Тел Авив информира дека во организација на Израелската агенција за меѓународна развојна соработка (MASHAV) ќе се одржи виртуелен курс насловен „Педагошки иновации“.

Како што објави Министертството за образование и наука, курсот ќе се реализира во периодот од 18 ноември до 16 декември 2021 година, во вкупно пет сесии.

Рокот за пријавување е 2 ноември 2021. Заинтересираните учесници треба да пополнат формулар за пријава и да го пратат на електронските адреси: noa@metc.org.il иliat.baron@mfa.gov.il



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2021 12:38