По повод 75. годишнината од своето формирање, НБА лигата синоќа објави листа со 76 кошаркарски легенди, меѓу кои најзвучни имиња се Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, Карим Абдул – Џабар, Вилт Чемберлен и Бил Расел.

Изборот го направија сегашни и поранешни НБА кошаркари, тренери, кошаркарки, женската НБА лига и новинари.

На листата се најдоа 76, а не 75 кошаркари, бидејќи последните двајца добија идентичен број гласови, но НБА не ги објави нивните имиња.

Избраните кошаркарски легенди заедно имаат освоено 158 шампионски прстени, 730 настапи на Ол-стар натпреварите, 110 МВП трофеи и над 1.5 милиони постигнати кошеви.

Во однос на листата објавена во 1996 година, по повод 50. годишнината од НБА лигата, нови имиња, меѓу останатите, се покојниот Коби Брајант, Леброн Џејмс, Стивен Кари и Кевин Дурант.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2021 13:34