Во сабота ќе се задржи релативно топло време, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Преку денот ќе има зголемена облачност, а попладне и во текот на ноќта во северните делови ќе има локален дожд. Утре попладне и во недела долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер.

Од недела следува период на посвежо време со ниски утрински температури кои од вторник на повеќе места ќе бидат околу нулата.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2021 13:36