Кошаркарот на Феникс санс, Крис Пол е единствениот кошаркар во историјата на НБА кој постигнал 20.000 поени и 10.000 асистенции во кариерата.

Ова достигнување му беше успеа на Пол ноќеска, за време на натпреварот со Лос Анџелес лејкерс. Погодокот во втората четвртина беше историски.

Триесет и шестгодишниот Пол е еден од единаесетте активни играчи што се вклучени во 75-те најдобри во НБА оваа недела.

Во 17 сезони поминати во најсилната кошаркарска лига на светот, Пол настапуваше за пет различни клубови.

Воедно, по средбата со Лејкерс, Крис Пол се искачи на 47. место по постигнати поени во кариерата и е петти по бројот на асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2021 16:17