На денешните пет натпревари од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига екипите кои важеа за фаворити освоија по три бода.

Академија Пандев, Брегалница и Шкендија и се доближија на второпласираната Ренова која вчера загуби на дербито со Шкупи.

Резултати: Борец – Академија Пандев 1:2 Скопје – Тиквеш 2:1 Македонија ЃП – Струга 1:1 Пелистер – Брегалница 0:3 Шкендија – Работнички 2:0.

Вчера, Шкупи – Ренова 2:1.

Табела: Шкупи 26 бода, Ренова 21, Академија Пандев 21, Брегалница 19, Шкендија 17, Струга 15, Работнички 15, Скопје 15, Македонија ЃП 11, Борец 8, Тиквеш 6, Пелистер 4.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2021 17:23