Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш и Советот на 48 Караманови средби го распишаа Конкурсот за најдобра необјавена поетска книга и доделување на наградата „Караманов 2021“.

Како што информираат организаторите, конкурсот трае до 10 Ноември 2021 година, а може да учествуваат автори од Северна Македонија и од останатите балкански земји што пишуваат на македонски јазик.

Ракописите не треба да бидат подолги од 64 страници или четири табаци, а се бара да бидат доставени под шифра на адреса ОУ Центар за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш, улица „22 Октомври“ без број Радовиш, или, во електронска форма потпишани со шифра, на адреса aco.karamanov@yahoo.com.

За награда, на авторот кој ќе го освои конкурсот ќе му биде објавeна книга со неговиот награден ракопис и ќе добие статуетка која го преставува Ацо Караманов.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2021 01:19