Ливерпул го совлада Манчестер јунајтед со 5:0 на „Олд Трафорд“ во 9. коло од шампионатот на Англија. Ова е најголемиот пораз на Манчестер јунајтед на домашен терен од „црвените“ во историјата на клупското ривалство.

Тоа е, исто така, прв пат од 1925 година Јунајтед да загуби толку убедливо од Ливерпул во натпревар од највисоката англиска лига. Тогаш тимот од Мерсисајд победи со истиот резултат 5:0.

Напаѓачот на „црвените ѓаволи“ Кристијано Роналдо четврти натпревар по ред не успеа да постигне гол ниту асистенција во англиското првенство. Португалецот нема постигнато гол или асистенција од 19 септември, кога се запиша во листата на стрелците на средбата со Вест Хем (2:1). Оттогаш е „резервиран“ против Астон Вила (0:1), Евертон (1:1) и Лестер (4:2), како и на вечерашното дерби на кое ја затресе противничката мрежа, но голот му беше поништен по интервенција на ВАР судиите.

Јунајтед има освоено само еден бод во овој сегмент на првенството.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2021 01:19