Експертите потврдуваат она што ВМРО-ДПМНЕ предупреди за енергетска криза, државата троши дупло повеќе отколку што произведува струја.

Власта не е способна да ги менаџира енергетските капацитети на државата. Во изминатиов месец производството е само половина од потребите. Другата половина се покрива со увоз и повлекување од заедничката европска мрежа што е недозволиво за редовни ситуации.

Оваа неспсобност и екскурзија на власта ќе ја платиме со 15 милиони евра само за месец октомври, кажа директорот на МЕПСО.

Македонија има опасност доколку оваа неспсобност продолжи да се соочи со енергетска криза во зимскиот период пред нас.

Предупредуваме за да не биде предоцна. Веднаш да се формира кризнп тело кое ќе ја разгледа ситуацијата и ќе предложи решенија. Државата, граѓаните и стопанството не смее во 21 век да останат без струја.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2021 12:41