Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Кармело Ентони се искачи на 9. место според бројот на постигнати поени во НБА-лигата.

На натпреварот против Мемфис (121:118) одигран рано утрово, Ентони постигна 28 поени и стигна до 27 423 поени во кариерата. Тој го престигна легендарниот Мозес Мелоун (27 409).

Вклучувајќи го и Ентони, седум од деветте НБА играчи со највисоки перформанси играле за Лејкерс во одреден сегмент од нивната кариера.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2021 13:43