Доколку бидам избран за претседател на Бугарија, ќе успееме да формираме политичка влада, изјави утринава претседателскиот кандидат, кој е поддржан од ГЕРБ-СДС, проф. Анастас Герџиков во интервју за бТВ.

-Претседателот е лидер на нацијата, тој не може со интриги да го дели општеството. Ако ние многу пати се собереме и разговараме пријателски, ако молчиме додека не излезе белиот чад од оџакот, тогаш можеме да постигнеме добар резултат“, изјави Герџиков.

Запрашан за зелените сертификати кои од четвртокот стапија на сила по налог на министерот Стојчо Кацаров, а нивните инспекции од денеска почнаа со казнување, претседателскиот кандидат упати критики до актуелниот шеф на државата и владата што тој ја назначи.

-Со 20 отсто вакцинација кај населението зелениот сертификат е казна, а не превенција. Преодната влада не успеа во информативната кампања, рече Герџиков.

Според него, изгубена е довербата не во тоа дали вакцините се безбедни и дали се ефикасни, туку во самата Влада.

-Можам да ви понудам многу мерки, но пред да ги отстраниме тие што ги создадоа проблемите, пред тие да престанат да пречат, нема како да ви се понуди нешто друго, додаде Герџиков.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2021 14:52