Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, заврши во болница следејќи го поразот на „црвените ѓаволи“ од Ливерпул со 0:5 во деветтото коло од Премиер лигата.

– Тие 60 минути ме испратија во собата за итни случаи, напиша Фердинанд на Твитер.

Не е соопштено дали Фердинанд претрпел стрес, слично како и повеќе навивачи на Манчестер јунајтед кои беа сведоци на најголемиот пораз од Ливерпул на домашен терен во клупската историја.

По девет кола во Премиер лигата Манчестер јунајтед освои 14 бода од можни 27 бода, доволно за 7. место во поредокот.

Ливерпул е на втората позиција со 21 бод.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2021 15:08