Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков најави „проекти за светла иднина“ во Видобишта, Бараки, Илинден и Црногорци.

Тој пред жителите на овие населби се обврза дека ќе изгради ново мултифункционално спортско игралиште и дека ќе ги асфалтира улиците и краците во населбата „Гоце Делчев“-Бараки.

Вети и измена и дополнување на ДУП за 11-та и 12-та Урбана заедница, промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците „Ристо Чадо” и „Андреја Јованоски”, како и изведба на атмосферската канализација на улиците „Ристо Чадо”, „Прва ударна македонска бригада” и „Андреја Јованоски”.

-Гарантираме реконструкција на улиците „Андреја Јованоски” и „Живко Чинго” во „Радојца Новичиќ“, партерно уредување на коритото на реката Сушица, промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците „Шеста Бригада“ и „130“, како и асфалтирање краци на улиците „Радојца Новичиќ“, „28 Април“, „130“ и „Петрино“. Сите заедно, со народот, сме силата која единствено може да направи промени, изјави Пецаков и посочи дека со победата на 31 октомври Охрид ќе добие, како што рече, вистински градоначлник.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2021 16:07