Генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа денеска апелираше до гласачите на оваа партија во вториот круг на локалните избори да ги поддржат кандидатите за градоначалници на Алијансата за Албанците, со цел, како што рече, да „помагнат во политичкиот пораз на ДПА и ДУИ“.

Анализирајќи ги најновите случувања на политичката сцена, како и старо-новата коалиција меѓу ДУИ и ДПА, за вториот круг од локалните избори наметнува јасен став на Движењето Беса против старите политики на овие две политички партии кои без никаков принцип и против волјата на своите гласачи се принудени да соработуваат само за да се заштитат едни со други . Затоа во вториот круг од локалните избори сите гласачи на Движењето Беса да ги поддржат кандидатите на Алијанса за Албанците и со тоа да помагаме во политичкиот пораз на ДУИ и ДПА“.

Тој додава дека бараат од Алијанса за Албанците реципрочно да ги повикаат своите граѓани да ги поддржат кандидатите на Беса.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2021 16:07