Навистина огромна е честа и задоволството да се биде прв меѓу еднаквите, да се служи на граѓаните на општина Штип. Од денес официјално, вратите на општина Штип ќе бидат широко отворени за сите наши сограѓани, од денес официјално јавните претпријатија и институциите под локалната самоуправа ќе бидат во служба на нашите сограѓани.

Да ја вратиме изгубената доверба, да служиме на народот и да работиме заеднички за сето она кое го имаме зацртано во нашата изборна програма, заеднички да го реализираме и да создадеме нова иднина за Штип.

Проблемите со коишто се среќаваат и ќе се среќаваат нашите сограѓани, имаме обврска како локална власт, а јас како градоначалник, да ги решаваме. Јас сум убеден дека со повеќе желба, енергија и волја којашто ќе ја посветиме кон овој град, ќе создадеме нова иднина и ќе ги реализираме проектите со кои сум убеден дека ќе ја вратиме довербата на нашите сограѓани.

Затоа, оваа прилика ја користам уште еднаш да се заблагодарам на сите оние кои ја препознаа новата иднина, но и на сите оние кои веруваат дека со заеднички сили ќе успееме.

Штип уште еднаш покажа и докажа дека има демократски капацитет и практично тоа се случи на 17-ти октомври – Штип создаде нова иднина!



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2021 16:07