Во посебната вчерашна епизода на „Симпсонови“, гледачите се запознаа со новиот лик – д-р Венди Сејџ. Таа е хипнотерапевт, но и преживеана од рак на дојка, која имала еднострана мастектомија и има видлива лузна од уредот што се користи за хемотерапија.

Ликот го синхронизира Рене Риџли, глумица, писателка и, исто така – преживеана од рак на дојка, која е и сопруга на еден од креатиците од „Симпсонови“ – Мет Селман.

– Сејџ е токму каква што е сега. Живеејќи отворено како жена со една града, таа испраќа порака за целосно прифаќање на поединците и маргинализираните групи, вели Риџли.

Гледачите на Твитер и интернет-просторот го поздравија потегот по повод месецот за подигање на свеста за ракот на дојката.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2021 16:15