Главниот медицински советник на американскиот претседател Ентони Фаучи се најде на удар на критики поради наводната лага изречена пред Конгресот за начинот на кој Националниот институт за здравство (НИХ) го финансираше контроверзното истражување за коронавирусот на лилјаците во Кина. Институтот призна дека учествувал во истражување на вируси со зголемена функционалност, спротивно на претходното негирање на Фаучи.

Покрај наводите за лажење на американскиот Конгрес, д-р Ентони Фаучи сега се соочува со повици за негова оставка и апсење поради негова наводна вмешаност во брутални експерименти со кученца од расата Бигл, кои наводно биле заразени со паразити кои предизвикуваат болести.

Повиците се интензивираа по објавувањето на видеото на кое се прикажани брутални сцени на имобилизација и тортура на кученца, а некои од видеата покажуваат како телата на кучињата се фрлаат во корпи за отпадоци, објави Њујорк пост.

Грозоморните снимки се појавија набрзо откако хаштагот #ArrestFauci (уапсете го Фаучи) почна да кружи на Твитер, и стана вирален откако медицинскиот советник на претседателот беше обвинет од непрофитната организација White Coat Waste Project дека финансира сурови експерименти со парите на даночните обврзници.

Според непрофитната организација, најмалку 44 кученца Бигл биле подложени на експериментални лекови во лабораторија во Тунис, Северна Африка. Беше објавено дека кучињата биле „живи хранети“ со паразити кои носат болести, а на животните им биле отстранети гласните жици за да не им пречат на истражувачите со нивното лаење.

Во светло на неодамнешните обвинувања за лажење на Конгресот, кога Фаучи негираше дека неговиот Национален институт за здравство (НИХ) бил вклучен во студија за коронавирусот во Вухан, додека агенцијата вели поинаку, разбеснетите активисти за човекови права упатија обвинување за медицинскиот советник на претседателот . Некои луѓе дури споделија фотографии од своите домашни миленици, повикувајќи Фаучи да биде уапсен, пренесуваат американските медиуми.

Фаучи, кој сè уште не ги коментирал наводите за експерименти со кученца, останува на ставот дека никогаш не го излажел Конгресот, инсистирајќи дека „ниту тој, ниту д-р Френсис Колинс, директорот на НИХ, не лажеле или довеле во заблуда за тоа што го правеле“. Тој исто така истакна дека „молекуларно е невозможно овие вируси на кои е работено да станат САРС-КоВ-2“.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2021 16:23