Либански суд осуди 68 лица поради конфликтот во главниот град Бејрут, во кој седум лица загинаа, а десетици беа повредени.

Конфликтот на југот на Бејрут на 14 октомври беше најтешкиот вооружен конфликт во главниот град во последните неколку години, пренесува МИНА.

Националната новинска агенција објави дека судијата Фади Акики осудил 68 лица за кривични дела како што се убиство, обид за убиство, поттикнување верски конфликт, поседување нелегално оружје и саботажа.

Конфликтот траеше пет часа меѓу две моќни шиитски фракции, Хезболах и Амал, а во нападот со огнено оружје учествуваа и напаѓачи за кои се верува дека се поддржувачи на партијата Христијански либански сили.

Властите соопштија дека 18 лица се во притвор, додека 50 се во бегство, но не е познато на која фракција припаѓаат.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2021 00:36