Често се смета дека синовите и ќерките единци се осамени, себични, разгалени и оти живеат „во свет на еднорози и виножита“ – оти целото внимание е на нив. Ова во повеќето случаи не е вистина, пишува Н1.

Се разбира, никогаш не мора да споделуваат играчки, а нивната соба и приватност речиси секогаш остануваат недопрени. Сепак, точно е дека нивната личност и растењето се засноваат на фактот дека тие се единственото дете во семејството. Следува дел од урбаните митови, лагите и вистината за децата единци.

„Секогаш се осамени“

Сите понекогаш се чувствуваме осамено и тоа чувство не секогаш исчезнува кога сме опкружени со луѓе. За време на изолацијата, на пр., тоа како да го достигна врвот, иако голем дел останаа со своите семејства. На луѓето им е тешко да ја разберат разликата меѓу „сам“ и „осамен“. Кога детето е само, не секогаш значи дека е осамено. Се разбира, единецот понекогаш може да се чувствува осамено, како и сите други, но сепак, повеќето уживаат во сопственото друштво и знаат како да се забавуваат. Покрај тоа, тие честопати имаат одлични пријатели.

„Сè мора да биде по нивно“

Родителите мора да се погрижат нивното дете да се согласува со своите врсници на училиште и на други друштвени активности. Децата брзо учат и сфаќаат дека може целосно да бидат исклучени од општествените групи доколку покажат гнев, себичност и агресија. Покрај тоа, децата не се раѓаат агресивни, туку стануваат такви. Сѐ зависи од нивната околина, врсниците и воспитувањето, исто како и кај сите други деца кои имаат или немаат брат или сестра.

„Премногу се потпираат на своите родители“

И покрај популарното мислење дека децата кои се сами премногу се потпираат на своите родители, бидејќи целото внимание е кон нив, вистината, честопати е дека тие всушност се многу понезависни од другите деца. Отворањето кон другите понекогаш може да биде тешка задача за нив, но тие се и одлични пријатели. Едноставно ја знаат и ја разбираат вредноста на приватноста и го покажуваат тоа со тоа што ја почитуваат туѓата приватност.

„Подоцна созреваат“

Децата кои имаат браќа и сестри, покрај родителите, минуваат време и со „по-еднаквите“ на себеси, додека дете кое нема брат или сестра е „осудено“ – само со родителите. Тоа значи дека почесто се угледуваат на постари луѓе и поради тоа, честопати, и побрзо растат. Тие почнуваат да го набљудуваат и прифаќаат однесувањето на возрасните и да усвојат својства кои може да доведат до развој на вештини за расудување порано од другите.

Меѓутоа, темпото на емоционална и физичка зрелост кај секое дете е различно и не може да се процени според индивидуални случаи.

„Тие се премногу чувствителни“

Ова е уште една непотребна генерализација. Единците би можеле да претераат во одредени ситуации или, пак, лесно да бидат повредени и, преку тие ситуации, стануваат повнимателни кога станува збор за чувствата на другите луѓе.

Има мигови кога навистина сакаат да имаат брат или сестра, но постојаниот потсетник – силната врска со нивните родители, обично е она што ги прави посреќни и сè подобри луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2021 01:32