Заменик-градоначалникот на Пекинг Џан Џиандун изјави дека отворањето на Олимпиското село за Игрите во 2022 година е закажано за 27 јануари 2022 година.

– Официјалното отворање на Олимпиското село ќе се случи на 27 јануари следната година за да ги пречека спортистите од целиот свет. На 2 февруари ќе тргне штафетата на олимпискиот факел, изјави Џиандун.

Зимските олимписки игри 2022 година во главниот град на Кина ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година.

Организаторот на Олимпијадата, вчера го прикажа дизајнот на медалите кои ќе се доделат на најуспешните спортисти.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2021 11:53