„Вечерва одржав средба со граѓаните од повеќе населени места во Општина Сарај. Таму разговараме за она што досега е сработено во оваа општина, како и сето она што се очекува во новиот мандат“, вели градоначалникот Шилегов.

Во одржување и реконструкција на уличната мрежа во населените места Глумово, Кондово, Љубин, Крушопек, Сарај и Рашче заедно со реконструкцијата на автобуски постојки во Свиларе и Рашче преку ЈП Улици и патишта инвестирани се околу 50 милиони денари.

„Инвестиравме во подобрување на водоводната и канализационата мрежа во висина од 5 милиони денари. Го реконструиравме средното училиште Сарај, а дополнително ја опремивме и новата спортска сала на ова училиште“, кажа Шилегов.

Изградбата на европско, урбано и зелено Скопје мора да продолжи. Драги скопјанки и скопјани, Вие граѓаните сте силата на овој град, и само вие одлучувате во каков град ќе живеете. Иднината на Скопје е во ваши раце. Да се обединиме затоа што развојот на Скопје не смее да запре“, потенцираше градоначалникот Шилегов.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2021 03:46