„Зелената“ ДУИ очигледно не направи ништо за Тетово да не се гуши во смог и чад. Од вчера градот под Шара е на добар пат да стане прв во светот по загаденост на воздухот. Проблемот со аерозагадувањето кој ја засега цела држава, не само Тетово, се чини уште долго ќе добива само ветувања дека ќе се реши, реагираат и еколошките здруженија.

За жал политичките партии во нивната кампања, или само како реторика или воопшто не го спомнуваат овој проблем. Затоа што генератор на овој проблем е нивното лошо менаџирање и немање капацитет да го решат овој проблем, вели за Алфа, Нгадњим Мемети од „Еко герила“ .

Екологистите стравуваат дека заради крахот со цената на струјата кој ни следи, многу домаќинства ќе се префрлат кон греење на дрва, - еден од клучните загадувачи на воздухот. Како против тоа, може ли да се спречи, никој од кандиатите не кажува, а зимата допрва е на прагот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2021 04:05