Во Скопје денеска ќе биде промовиран проектот „Развој на партнерства помеѓу граѓанското општество и бизнис секторот“, при што ќе бидат презентирани постигнатите резултати, како и можноста за сертификација преку остварување на критериумите во поглед на заштитата на потрошувачи во одредена област.

На настанот, на кој е најавено присуство на претставници од Министерството за економија, бизнис секторот, граѓански здруженија и од Град Скопје, ќе се обратат претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија, Маријана Лончар Велкова и Билјана Стојановска од Балканската мрежа за развој на граѓанското општество.

Проектот се спроведува преку „ConWeb“, што претставува мрежа на национални потрошувачки организации на Југоисточна Европа која ја сочинуваат Центар за заштита на потрошувачите на Црна Гора (CEZAP), Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) и Националната организација на потрошувачите на Србија (NOPS).



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2021 10:21