Во Старата скопска чаршија, во Чифте амам вечерва уметникот Висал Мулиќи ќе ја претстави својата изложба насловена „Вон боите“. Куратор на изложбата ќе биде Зени Блажи.

-Делата на сликарот Висар Мулиќи докажуваат долг пат, каде професионалноста и уметничката оригиналност постојано се натпреваруваат со личната слика, сега целосно формулирана со експресионистичка димензија, што ја зголемува гледаноста и задоволството кај јавноста, велат од Националната галерија.

Мулиќи е роден 1966 година во Приштина. Студирал на Факултетот за Уметности на Универзитетот во Приштина. Неговата уметничка креативност вклучува современо експресионистичко сликарство со изразена чувствителност кон материјалот со кој работи. Учествувал на многу групни и неколку самостојни изложби на Косово и на меѓународна сцена во Австрија, Албанија, Белгија, Германија, Јапонија, Северна Македонија, Франција, Швајцарија. Од 1992 до 2004 година учествува во сите колективни изложби организирани од „Здружението на уметници на Косово“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2021 10:26