Американскиот претседател Џо Бајден ги критикуваше „агресивните“ дејствија на Кина во Тајванскиот теснец, во пораката до самитот на земјите од азиско-пацифичкиот регион на кој присуствуваше и кинескиот премиер.

Преку видео врска, претседателот Бајден на самитот во Источна Азија истакна дека САД се „длабоко загрижени поради наметливите и агресивни дејствија на Кина во Тајванскиот теснец“, што Кина ја дели од Тајван.

Тензиите во областа се зголемија по зачестените кинески воздушни прелети во близина на Тајван, островот што Пекинг го гледа како провинција која, доколку биде потребно, и со сила ќе се обедини со Кина.

Француските медиуми го пренесуваат Бајден во оценката дека „ваквите акции го загрозуваат регионалниот мир и стабилност“.

Самитот на Источна Азија, што годинава се одржува виртуелно поради пандемијата со Ковид-19, а во себе обединува 18 земји од Азиско-пацифичкиот регион и на кој присуствуваат кинескиот премиер Ли Кечијанг, како и рускиот претседател Владимир Путин и лидерите на Јужна Кореја и Јапонија.

Самитот го организираше Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН), која се состои од десет земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2021 10:37