Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ од Скопје денеска ќе биде промовирана монографијата „Портрети“ од познатиот академски сликар, Павле Кузмановски, годинашен добитник на државната награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата.

По повод од овој свечен чин во книжарницата ќе бидат изложени дванаесет портрети на македонски писатели, музичари и општественици, меѓу кои портретите на Блаже Конески, Матеја Матевски, Витомир Митевски, Раде Силјан, Кристина Николовска, Стојан Стојков, Јован Павловски и други.

За монографското издание ќе говори Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во земјава, а промоцијата ќе биде збогатена со музички колаж на Драган Даутовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2021 13:07