Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Модиљани“, во режија на Сибел Абдиу.

Како што соопштија од МКЦ, „Модиљани“ е драмски спектакл, кој ги прикажува двата главни аспекти од животот на фамозниот талентиран сликар Амадео Модиљани, беспрекорната љубов со Џан и смртното ривалство со Пикасо. Заглавен во неизбежната трагична судбина, Моди успева да ги креира највпечатливите дела од неговата генерација, кои будат страшна љубомора кај големиот Пикасо.

Ова дело го прикажува јазолот на судбината во кој е заглавен Модиљани, а без што веројатно немало да биде толку голем уметник.

-Од една страна притисокот на властите поради неговата етничка припадност, од друга страна притисокот на семејството на Џан, и од трета страна притисокот на Пикасо, кои доведуваат до трагичната смрт на овој голем уметник, чиј живот сам по себе претставува уметност, посочуваат од МКЦ.

Во претставата играат Селпин Керим, Џенап Самет, Сузан Акбелге, Осман Али, Дин Ибрахим, Хакан Даци, Јеткин Сезаир, Стефанија Начевска.

Кореограф е Александра Кочовска-Начева, а продуцентот е Слободан Трајкоски. Визуелен уметник е Љуљзим Луиџи Бејта а композиторот е Лејла Бајрами.

Сценографијата е на Ујза Жури, а костимографот е Диелза Минци.

За монтажа на трејлерот задолжен е Скофјан Бејта, а за дизајн на светло Љулзим Луиџи Бејта.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2021 13:30