Петре Шилегов повторно крие: колку пари потроши за организација на Нова Година, за која што прво се колнеше нема да чини ништо?

Почитувани, според договорите и документите организацијата чинела не нула, не 80, туку речиси 300 илјади евра! И тоа директно од буџетот 200.000 евра, а наводно според спонзорства уште 100.000 евра.

Шилегов мора да одговори, што е точно, дека прославата чинела нула денари, или дека чинела 80 илјади евра, или сепак сето чинела 300илјади евра? Тоа се пари од граѓаните, наши пари и Шилегов мора конечно да одговори: Што сокрива Шилегов во врска со оваа прослава?

Шилегов мора да одговори и зошто Комисијата за заштита на конкуренцијата посочува дека фирмата ДВД ПЕТ дека била фаворизирана, а таа е истата фирма со која што Петре Шилегов има договори преку Универзалната сала, којашто инаку не работи пет години, и преку МКЦ, двете ЈП под Шилегов?

Зошто организацијата е дадена на ЈП коешто нема свое озвучување, кое бара потоа на незаконски начин партнер во организацијата, и за потоа речиси 90.000 евра да се дадат за изнајмување опрема, од кои поголем дел на фаворизираната ДВД ПЕТ?

Дали преку изнајмувањето на опрема по нереални цени, всушност не се извадени пари од буџетот за да се плати и концертот кој што требаше да биде платен со спонзорства? Дали затоа е избрана МКЦ, а потоа незаконски и спротивно на договорот е баран партнер во организацијата, за да се сокрие патот на парите?

Почитувани,

Шилегов молчи и не кажува дали е точно дека за оваа прослава дочек на Нова Година 2020 е предметот на ДКСК, дали тој веќе е изработен, дали се најдени недоследности, и дека за тоа случај ќе поведе и ЈО?

Прослава на плоштад од 300 илјади евра е премногу, ако се има предвид колку Шилегов го остави запуштен градскиот плоштад, девастирано Скопје, пропаднат плочник во центарот на градот, без ниеден капитален проект за Скопје.

Почитувани,

Петре Шилегов и неговите договори ќе бидат предмет на ревизија по смената на градската власт!



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2021 14:12