ФИФА го претстави новото лого и слоган за Светското првенство за жени кое ќе се игра во 2023 година. Турнирот ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд.

„Повеќе од одлични“ (Beyond Greatness) е нов слоган кој има за цел да ги обедини и инспирира луѓето ширум светот околу женскиот фудбал.

Логото содржи живописни пејзажи и богати бои од двете земји домаќини, Австралија и Нов Зеланд. Исто така, амблемот прикажува 32 обоени квадрати – во чест на проширувањето на бројот на земји учеснички на 32.

Светското првенство во 2023 година ќе се одржи од 20 јули до 20 август. Квалификациските натпревари за турнирот започнаа во септември 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2021 14:33