Општинската организација на Црвен крст Делчево објави јавен повик за негувател/ки за помош и нега на стари лица и лица со попреченост кои ќе пружаат услуги на територијата на општините Делчево и Македонска Каменица.

Конкурсот, како што информираше организациониот секретар Ивана Ангеловски, се реализира со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) како дел од посебно верификувана програма за негувател/ки, а на истиот може да се пријават невработени лица од двете општини.

– Кандидатите треба да се државјани на Македонија, да имаат наполнето 18 години, да имаат општо-физичка способност за работа со минимум заврешно основно образование, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица, како и лица со попреченост и по о обуката да бидат вклучени како негуватели во сервисите за нега во домашни услови, рече Ангеловски.

Додаде дека конкурсот е отворен за сите заинтересирани долгорочно невработени лица од Делчево и Македонска Каменица, кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со државно признат сертификат, да аплицираат на конкурсот од 28.10.2021 до 03.11.2021 година.

– Да напоменеме дека обуките за негувател/ки за помош и нега на стари лица и лица со попреченост. Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил delcevo@redcross.org.mk, на телефон 070/254-650 или во нашата канцеларија во Делчево, посочи Ангеловски.

По пријавувањето согласно предвиденото секој кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју, по што ќе бидат соопштени и резултатите од конкурост. вс/цр



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2021 15:07