Европскиот центар за спречување и контрола на болести, ЕЦДЦ, го обои Брисел во темно црвена боја на мапата, како регион со висок ризик од контаминација, јави дописничката на МИА од Брисел.

Мапата се актуелизира секоја недела во четврток. Денеска Брисел но и југот на Белгија, регионот Валонија, преминаа во високоризичната категорија за Ковид-19, додека северот на земјата останува обоен во црвена боја, едно скалило под темната црвена.

Причината е големиот раст на нови случаи на заразени со Ковид-19 во Брисел и Валонија, односно стапка на инфекција помеѓу 75 и 200 за сто илјади жители во период од 14 дена со стапка на позитивност над 4 отсто или стапка на инфекција над 200 без разлика колкава е стапката на позитивност.

ЕЦДЦ нотира дека овие два региони во Белгија сега ги исполнуваат условите да бидат обележани како високоризични.

Владата во Белгија завчера донесе и ново заострување на мерките во земјата: повторно задолжително носење на заштитна маса, задолжителен ковид сертификат за влез на јавни места, културни настани, угостителски објекти, и силна препорака за работење од дома кога тоа е можно.

Од вчера бројот на новозаразени дневно достигна 5555.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2021 15:37